Новак Ѓоковиќ стигна до првиот пехар на земјена подлога годинава откако српскиот тенисер славеше во финалето во Мадрид над Стефанос Циципас со 2-0 во сетови. Грчкиот талент доцна синоќа го зеде скалпот на Рафаел Надал, но денеска немаше сили за ново чудо, па на крајот мораше да му честита на заслужениот победник.
Ѓоковиќ тргна импресивно од самиот почеток, рано поведе со 3-0 и потоа рутински го доби сетот со 6-3. Циципас одигра подобро во вториот сет, дури и прв стигна до брејк, но слично како и во полуфиналето со Тим, Новак повторно имаше одговор, направи пресврт и славеше со конечни 6-3, 6-4.
Со овој триумф, Ѓоковиќ му се одмазди на Циципас за поразот на ланскиот мастерс-турнир во Торонто, воедно и уште повеќе се зацврсти на врвот на АТП-листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА