По стартот на сезоната и финалето на Австралија опен, грчкиот тенисер Стефанос Циципас никако не може да ја пронајде посакуваната форма.
Тој сезонава падна од третото на седмото место на АТП листата, освои само една титула (Лос Кабос), нема победа на повеќе од еден меч по турнир од тој мексикански триумф на почетокот на август, но сепак има големи соништа. Тој вели дека сонува како тој и неговата девојка, шпанската тенисерка Паола Бадоса се први во свет.
„Сонувам дека еден ден јас и Паола Бадоса ќе бидеме први во светот, сонувам дека и двајцата ќе успееме“, изјави Гркот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

