Првиот денешен меч на програмата на завршниот АТП турнир во Торино траеше само 17 минути, откако Стефанос Циципас беше принуден да го предаде дуелот со Холгер Руне.
Тој не искористи две брејки топки во првиот гејм, но почна да чувствува болка во грбот што стануваше се посилна. Десетина минути подоцна, при резултат 2-1 во гејмови за Руне, беше очигледно дека грчкиот тенисер не може нормално да се движи, по што тој беше принуден да го предаде мечот, со самото тоа и неславно да го заврши настапот на овој завршен турнир за 2023 година.
Во вториот меч од второто коло во оваа група вечерва ќе се сретнат Ѓоковиќ и Синер.
Stefanos Tsitsipas retires against Holger Rune at the ATP Finals
Very sad news. He’s been finding himself these last few weeks on court
Wishing him a quick recovery. ❤️🩹
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) November 14, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА