Циципас и Синер доминантно до осминафинале на Австралија Опен

Минатогодишниот вицешампион на Австралија Опен, Стефанос Циципас покажува дека му лежи Мелбурн и оваа година наметнувајќи се како еден од фаворитите за ново финале.

Циципас се пласираше во осминафиналето откако доминанто славеше против француската надеж Лук ван Аше во три сета, со 6-3, 6-0 и 6-4.

Циципас сега во следното коло ќе игра против Тејлор Фриц кој беше подобар од Фабјан Марожан.

Во осминафиналето се пласираше и Јан Синер кој исто така без проблеми славеше против Аргентинецот Баез со 6-0, 6-1 и 6-3.

Се вчитува...