Шестиот и седмиот носител, Александер Зверев и Стефанос Циципас, го напуштаат Лондон по првиот ден на третиот годинашен грен-слем. Двајцата беа поразени во стартната рунда на Вимблдон.
Зверев загуби со 3-1 од чешкиот тенисер Јиржи Весели, додека Циципас беше изненаден од италијанскиот ветеран Томас Фабијано, кој е рангиран на 89.место на АТП – листата.
Од фаворитите лесно во следната рунда поминаа Новак Ѓоковиќ и Станислас Вавринка, а најголемото изненадување на првиот ден се случи кај дамите, Јулија Путинцева ја елиминира втората носителка Наоми Осака со 2-0 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА