Циципас ќе биде замената за Дрејпер на турнирот во Саудиска Арабија

Стефанос Циципас ќе го замени Џек Дрејпер на раскошниот егзибициски турнир „Сикс Кингс Слем“ во Ријад кон средината на октомври. Откако загуби од Белгиецот Бергс во второто коло на Отвореното првенство на САД, Британецот одлучи да ја заврши сезоната поради повреда.

Арапите сега имаат надеж дека нема да мора да бараат замена за Циципас. Тој играше на Дејвис Купот за Грција викендот со помош на инјекции поради повреда на грбот, потоа го откажа учеството на турнирот во Пекинг и очекува да биде подготвен за Мастерсот во Шангај, кој му претходи на патувањето во Ријад.

Останатите пет учесници се Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Александар Зверев и Тејлор Фриц.

Се вчитува...