Грчкиот тенисер Стефанос Циципас е вториот полуфиналист на последниот АТП мастерс 1000 турнир сезонава кој се игра во „Берси арената“ во Париз.
Гркот во вториот четвртфинален дуел славеше над Русинот Карен Хачанов со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-4.
Во полуфиналето Циципас за противник ќе го има бугарскиот тенисер Григор Димитров кој во првото четвртфинале во три сета славеше над Полјакот, Хуберт Хуркач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

