Грчкиот тенисер Стефанос Циципас не ја исклучи можноста да ја заврши кариерата во 2025 година. Силните болки во грбот го спречија да постигне подобри резултати, а тој моментално е 36-ти тенисер во светот.
За некој што некогаш беше трет рангиран и играше во финале на гранд-слем овој пласман е неприфатлив.
„Мојата најголема загриженост беше дали воопшто ќе можам да го завршам натпреварот. Се прашав: „Може ли да одиграм уште еден натпревар без болка?“ Бев навистина исплашен откако загубив на Отвореното првенство на САД од Даниел Алтмаер од Германија во второто коло. Не можев да одам два дена. Тогаш почнувате да се прашувате за иднината на вашата кариера“, рече Циципас.
Тој ги остави своите сомнежи зад себе и е подготвен да ја дочека новата година.
„Многу ми значи како повратна информација дека имав период на подготовка без болки – се надевам дека така ќе остане. Сакам да дадам се од себе во 2026 година и на Јунајтед Купот. Вложив многу работа. Најважно е целосното верување дека можам да се вратам на нивото на кое бев. Ќе се обидам сè за да се случи тоа“, заклучи Циципас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

