Циципас стави крај на црната серија: По 11 финалиња, конечно славеше на АТП 500 турнир

Стефанос Циципас се закити со титулата во Дубаи, со што грчкиот тенисер стави крај на неверојатната серија од 11 загубени финалиња на АТП 500 турнирите.

Гркот немаше трофеј на овие турнири се до денеска, кога во големото финале успеа да слави над Феликс Оже Алиасим со 6-3, 6-3. Со тоа, Циципас стигна до првиот триумф во третото финале во Дубаи, откако беше поразен во мечевите за титулата од Федерер во 2019 и од Ѓоковиќ во 2020 година.

Големиот трофеј значи и прва титула за Гркот по пауза од десет месеци, со што Циципас ќе се врати во Топ 10 на АТП-листата што ќе биде објавена в понеделник.

Се вчитува...