Циципас: Заслужувам и грен-слем трофеј

Стефанос Циципас си ја потврди блескавата иднина во светскиот тенис освојувајќи го трофејот на АТП финалето во Лондон. Младиот грчки тенисер порачува дека ќе освои и грен-слем трофеј. Нема омилен грен-слем турнир, но вели оти Вимблдон сака да го освои секој тенисер.

„Мислем дека сите грен-слем турнири се одлични и сите имаат нешто посебно. Сигурно дека Вимблдон има најголема традиција и сите играчи би сакале да го освојат. Но, за мене секој грен-слем е одличен. Чувствувам дека играта низ времето ми е подобра и дека сум многу блиску до тоа да освојм грен-слем титула. Знам дека ова се големи зборови, но чувстувам дека припаѓам во големата лига. Огромниот труд кој го вложувам и секојдневната работа навистина заслужуваат ваков резултат“ – речи Циципас по освојувањето на турнирот во Лондон кој му донесе и награда од два милиони фунти.

Циципас стана најмладиот тенисер кој го освоил трофејот на завршниот турнир на осумте најдобри во годината по 2001 година. Тој е најмладиот дебитант кој триумфирал на АТП финалето по Џон Мекинро кој пред 41 година славеше на 19-годишна возраст.

 

 

Се вчитува...