Цицмиловиќ ќе ја води Беласица и во прволигашка конкуренција

Струмичкиот клуб Беласица по долга пауза од следната сезона повторно ќе биде дел од елитата. Тимот предводен од тренерот Раде Цицмиловиќ на доминантен начин го освои првото место во Втората лига Исток, па оттаму и не чуди одлуката на раководството да му даде доверба на истиот стратег, како и на целокупниот стручен штаб да биде на клупата и наредната сезона во прволигашка конкуренција.

Беласица во последното коло во Втората лига Исток ќе ги одмери силите со Брегалница на стадионот „Младост“ во Струмица, но веќе одамна е недостижна за конкурентите.

Се вчитува...