Второлигашот Воска Спорт останува без тренер, откако Раде Цицмиловиќ поднесе оставка од функцијата. Цицмиловиќ ја превзема екипата уште кога беше третолигаш, па успеа да ја внесе во втората лига, и сега екиипата да се бори и за влез во прволигашката конкуренција.
„Кога се договорив со Воска Спорт, беа третолигаши, и многумина ми замераа на мојата одлука. Цврсто верував во овој проект и моите способности. За 4 месеци направивме доста добри работи. Сите во фудбалот знаеме дека тим се прави за 2-3 години, но ние направивме тим за 4 месеци. Воска го играше најдобриот фудбал во двете втори лиги и е на чекор од прво место. Сакам да се заблагодарам на газадата Нефи Усеини за одличната соработка која ја имавме во минатиот период. директорот Артан Борова, целата управа на секретарот, економот, стручниот штаб и на крај играчите кои се најзаслужни за одличните резултати. Да им посакам на сите успех и влез од прва лига. Поднесувам оставка од шеф на стручен штаб на Воска Спорт“, напиша Цицмиловиќ.
Причината за оставката не е обелоденета и може да се каже дека е малку изненадувачка, со оглед дека вчера Воска го совлада Охрид во градското дерби со 1:2.
За негов наследник е назначен неговиот досегашен помошник, Даниел Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА