Цицмиловиќ си поднесе оставка на тренерската позиција во Тиквеш

По убедливиот пораз на домашен терен од Кит Го, тренерот на Тиквеш, Раде Цицмиловиќ си поднесе оставка на тренерската функција.

Цицмиловиќ оставката ја образложи на својот фејсбук профил како одговорност за лошите резултати на тимот.

„Јас како тренер ја преземам одговорноста за се, и од морални причини поднесувам оставка. Сакам да им се заблагодарам на управата, претседателот и градоначалникот на Кавадарци за укажаната доверба. Исто така сакам да им се заблагодарам на играчите, стручниот штаб и на сите во клубот“ – напиша меѓу другото Цицимиловиќ, кој интересно вина за убедливиот пораз од Кит Го, и по четири примени гола, најде во судењето на натпреварот.

Се вчитува...