Воска спорт ќе мора да бара нов тренер за новата сезона во второлигашкото друштво, откако актуелниот Раде Цицмиловиќ си поднесе оставка по денешниот убедлив пораз од Тиквеш во бараж дуелот за влез во Првата лига.
Цицмиловиќ по денешниот пораз во Струмица, на крајот од натпреварот им се заблагодарил на фудбалерите за досегашната соработка најавувајќи заминување од клупата на охридскиот второлигаш.
Воска спорт во првата своја сезона како второлигаш веднаш стигна до историски бараж и за Првата лига, но не успеа да го мине Тиквеш за влез во елитата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА