Доскорешниот македонски „3х3“ репрезентативец, Ервин Цого дебитираше на селекторското место во репрезентацијата на Швајцарија и тоа со голем успех откако оваа европска држава успеа да се квалификува на Европскиот куп кој ќе се одржи од 22 до 25 август во Винеа, Австрија.
На турнирот кој се одржа во главниот град на Словачка, Братислава, швајцарската репрезентација го освои првото место завршувајќи го турнирот со четири победи и еден пораз.
Швајцарија отвори со пораз од Бугарија, а подоцна беше убедлива против домаќинот Словачка, Украина, Естонија и Полска во финалето кое заврши со швајцарска победа од 22-14.
Покрај Швајцарија на Европскиот куп учество изборија и домаќинот Австрија, Србија, Литванија, Холандија, Франција, Шпанија, Хрватска, Азербејџан, Летонија, Велика Британија и Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА