Црн ден за мексиканскиот спорт: Почина трикратен светски првак во бокс

Поранешниот трикратен светски шампион во бокс, Мексиканецот Израел Васкез (46) почина по битка со ракот. Веста ја потврди претседателот на една од четирите најголеми боксерски федерации, Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Маурицио Сулејман .

„Израел Васкез конечно почива во мир. Нека Бог ѝ даде сила на неговата сопруга Лаура , децата, семејството и пријателите во овие тешки моменти. Ти благодарам шампионе, што оставив таков посебен белег.“, напиша тој. .

Се вчитува...