Надежната италијанска скијачка Матилде Лоренци почина како последица на силен пад на тренинг во скијачкиот центар Вал Гардена. Таа требаше да наполни 20 години во средината на ноември.
Лоренци беше јуниорска репрезентативка, а минатата сезона беше апсолутна шампионка на Италија и најдобра во супервелеслалом. Таа беше шеста во спуст и осма во супер-Г на Светското јуниорско првенство во Шател, Франција. Лани во декември го постигна најдобриот пласман во европскиот куп, 11. место во супер-Г во Сент Мориц. Била и вработена во италијанската армија, а нејзината смрт ја пријавило италијанското Министерство за одбрана.
Талентирана скијачка загина додека се спушташе по патеката Граванд Г1 кога нејзините скии се откачиле, по што силно ја удрила главата во ледената земја. Тренерите притрчале да и помогнат, пристигнала брза помош, и со хеликоптер ја пренеле во болницата во Болцано, но не можела да се спаси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА