ЦРНА ДАМКА НА КРАЈОТ ОД ДЕРБИТО: Навивачите извонредни, ама ракометарите на Вардар и Е. Пелистер се фатија за гуша (ВИДЕО)

Големото ракометно дерби меѓу Пелистер и Вардар мина во извонредно надигрување на терен, испратено со максимална поддршка од навивачките групи на двата тима, но на крајот со срамно однесување на ракометарите од двете страни.

Сосема неочекувано, веднаш по крајот на натпреварот „за гуша“ се фатија ракометарите и на двата тима. Според информациите, се најпрво почнало со меѓусебен судир на Борозан и Кузмановски, а потоа на „физичкото убедување“ се приклучија и останатите ракометари.

За среќа, ситуацијата брзо се смири а добро е и што навивачите на трибините останаа смирени и со „ладни глави“, наспроти „зовриените глави“ на ракометарите…

Се вчитува...