Црна Гора денеска го слави првиот медал на едно европско првенство во атлетика, откако Марија Вуковиќ стигна до сребро во натпреварувањето во скок во височина на шампионатот во Минхен.
Вуковиќ, која пред 12 години беше јуниорска светска шампионка, блесна во финалето, успевајќи да прескокне 195 сантиметри. Иста височина прескокна и шампионката Јарослава Манучих од Украина, која стигна до златото поради помалиот број неуспешни обиди во финалето.
Бронзениот медал заврши кај 17-годишната Србинка Ангелина Топиќ, ќерка на легендарниот југословенски атлетичар Драгутин Топиќ, кој пред 32 години стигна до европското злато на ЕП што се одржуваше во Сплит.
Crnogorska skakačica u vis ✨Marija Vuković❤️, ostvarila je najveći uspjeh za crnogorsku atletiku u seniorskoj konkurenciji,osvojivši srebro na Evropskom prvenstvu u Minhenu.
BRAVO 👑MARIJA🏅❤️…BRAVO🇲🇪
🇲🇪❤️🇧🇦 pic.twitter.com/dTChdOm4gm— Emin Gradaščević (@GradascevicEmin) August 21, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА