Црна Гора и Грузија до мундијалски билети

Репрезентациите на Црна Гора и на Грузија успеаја да обезбедат учество на претстојниот кошаркарски мундијал, откако стигнаа до посакуваните резултати во рамките на последното квалификациско коло.

Црногорците на домашен терен ја декласираа Чешка со 88-70, уште во раната фаза обезбедувајќи си удобно водство по што триумфот воопшто не беше доведен во прашање. За Црна Гора ова ќе биде второ учество на едно кошаркарско светско првенство, по она во 2019 на мундијалот во Кина. Никола Ивановиќ беше најефикасен во денешната победа со 17 поени, пред Радовиќ со 16 и Пери со 14 поени.

Многу подраматично беше во Тбилиси, каде Грузија и покрај поразот од Исланд од 77-80 селекциајта на Грузија се пласираше на СП. На Исланѓаните им беше потребна победа од четири поени за да стигнат до мундијалски билет, имаа такво водство на една минута до крајот, но Шенгелија од линијата за слободни фрлања го постигна историскиот поен со кој Грузија се пласираше на СП.

Се вчитува...