Црна Гора израмнета едно полувреме, а потоа „потопена“ од Германија (ВИДЕО)

Германија со одлично одигра трета четвртина која ја доби со 33-12 успеа да дојде до победа против Црна Гора од убедливи 106-76 на стартот од Евробаскетот 2025.

По максимално израмнето прво полувреме кое Германците го добија само со 46-43, целосна доминација во третата четвртина по која беше „скршена“ Црна Гора. Па Германија во последниот период од играта влезе со предност од 79-55, што и дефинитивно значеше обезбедена победа.

На крајот само рутинска последна четвртина за конечна победа од дури 30 поени разлика (106-76).

Најдобар кај Германија беше Вагнер со 22 поени и 8 скока, а Шредер заврши со 21 поен и четири асистенции. Кај Црна Гора се издвои Вучевиќ со 23 поени и 10 скока.

Претходно Португалија славеше против Чешка со 62-50. Португалците, исто така, до триумфот дојдоа благодарение на одлично одиграното второ полувреме.

Феноменален кај Португалците беше Куета со 23 поени и 18 скока, а Лисбоа запиша 15 поени.

Се вчитува...