Кошаркарската репрезентација на Црна Гора го совлада домаќинот Грузија со 73-81 во последниот натпревар од А групата на Евробаскетот и со тоа се пласираше во нокаут фазата.
Црногорците одиграа за нијанса подобро од противникот во првото полувреме и на пауза заминаа со предност од шест поени (35-41). Во второто полувреме Грузијците со сите сили и со мала помош на судиите пробуваа на секој можен начин да се вратат во егал, но тоа не им успеа, а Црногорците стигнаа до пласман меѓу шеснаесетте најдобри добивајќи го овој меч со конечни 73-81.
Игор Дробњак со 22 поени беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Мекфаден заврши со 16 поени.
По досега одиграните натпревари познати се четири парови во осминафиналето: Шпанија – Литванија, Турција – Германија, Црна Гора – Франција и Словенија – Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

