Љубомир Врањеш го плати данокот на катастрофалниот настап на репрезентацијата на Словенија на Европското првенство во Унгарија и Словачка каде популарните „змајчеки“ го завршија настапот уште во стартната рунда.
Иако беше само прашање на време кога ќе дојде до официјална потврда, денеска таа стигна од ракометната федерација на Словенија од која му се заблагодарија на Швеѓанецот за ангажманот.
За потсетување Словенија го заврши ЕВРО 2022 на третото место во групата А откако беше поразена од Данска и Црна Гора, а единствениот триумф на првенството Словенците го имаа против Македонија.
Врањеш мандатот на клупата на Словенија го заврши со четврто место на Европското првенство 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА