Црна Гора остана без селектор

Миодраг Радуловиќ не е повеќе селектор на репрезентацијата на Црна Гора. После разговорот со претседателот Дејан Савичевиќ, одлучено е Радуловиќ да не продолжи на клупата на оваа селекција. Нему му истече договорот по завршувањето на квалификациите за пласман на ЕП.

Радуловиќ беше назначен за селектор во јануари 2021 година, и го предводеше националниот тим на Црна Гора во 30 натпревари.

Фудбалската федерација на Црна Гора му се заблагодари на Радуловиќ и неговиот стручен штаб, кој исто така ја напушта селекцијата. Засега нема најави кој ќе биде неговиот наследник.

Се вчитува...