Поради сериозни индиции дека на скијачката трка во Колашин во Црна Гора во крајот на декември е наместена, за да се лажираат резултати за норма на Зимските олимписки игри, пренесуваат угледните „Вашингтон Пост“ и „Ла Република“.
Со тоа Црна Гора е под истрата на Меѓународната скијачка федерација. Од скијачката федерација на оваа земја напоменуваат дека тие биле само технички организатор на трката, а претседателката на Собранието на федерацијата Весна Меденица рекла дека нема ништо спорно.
Прилог околу сомнителната трка е емитувана во емисија на националната телевизија на Црна Гора. „Ла Република“ пишува дека наместо ширење на духот на олимпизмот, во Колашин дошло до сериозни малверзации.
Овој медиум носи и интервју на тренер и малолетен скијач, кој прифатил да зборува само да остане анонимен. Тој тврди дека негов натпреварувач во Колашин добил сериозни закани дека мора да „забави“ затоа што таму дошле спортисти кои треба да одат на Олимписки игри.
Било откриено дека неколку непознати натпреварувачи од земји како Јамајка и Саудиска Арабија, толку биле добри во Колашин, што успеале да обезбедат учество на Олимпијада.
„ФИС го извести МОК дека резултати на некои квалификациски натпревари во алпско скијање за ЗОИ во Пекинг се под истрага“, се наведува во соопштението од меѓународната скијачка Федерација.
Најголемо внимание предизвикуваат скијачите Бенјамин Александер од Јамајка, идинскиот скијач Ариф Кан, и натпреварувачот од Саудиска Арабија, Фајук Абди. Александер наводно бил поранешен „ди-џеј“ во Лондон, кој со години се обидува да обезбеди олимписка норма, и му успева токму за овие ЗОИ. Тројцата не се прославија на досегашното учество на ЗОИ, што беше и очекувано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА