Кошаркарите на Црна Гора стигнаа до втората победа во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025 година откако вечерва на домашен терен ја прегазија Бугарија со убедливи 85-62.
Црногорците уште од самиот старт на мечот го презедоа водството и на индиспонираните Бугарија во ниту еден момент не им дозволија да се понадеваат дека можат да стигнат до поволен резултат.
Кендрик Пери со 18 поени беше прво име во таборот на Црна Гора, додека кај поразените Димитров постигна 17 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА