Црна Гора спречи срам против Гибралтар, Норвешка лесно со Молдавија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црна Гора со потешка победа од очекуваното на домашен терен против Гибралтар од 3-1 ја стартуваше авантурата во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Гостите стигнаа до шокатно водство од 0-1 со голот на Бент во 13. минута од натпреварот. На 1-1 израмни Јоветиќ во 22. минута.

Гибралтар одолеваше се до 70. минута кога Црна Гора конечно успеа да стигне до водство (2-1) со голот на Тучи. Конечните 3-1 ги постави Марушиќ во 73. минута.

Montenegro [3]-1 Gibraltar – Adam Marusic 73'
byu/Meladroitdetrela insoccer

Во вториот меч од програмата од 18 часот Норвешка стигна до убедлива победа на гостувањето во Молдавија од 0-5.

 

Се вчитува...