Црна историја – денешното фијаско, најубедлив пораз во историјата

Денешниот натпревар против Египет требаше да биде поправен испит за македонската репрезентација по слабиот дуел со Шведска, но наместо тоа нашиот национален тим испиша црна историја – претрпувајќи го најубедливиот пораз во своите досегашни настапи на светските шампионати.

Со ова фијаско и конечните 38-19, Македонија го урна сопствениот неславен рекорд од пред 22 години исто така во Египет, кога нашиот национален состав загуби од Куба со 18-32.

Само два дена има за рехабилитација од ова очајо издание, во обид репрезентацијата да се консолидира и да го победи Чиле, за пласман во следната фаза од овој шампионат.

Се вчитува...