Тивко беше во првиот дел помеѓу Арсенал и Атлетико Мадрид, но затоа во вториот дел вистински „бум“ на домашниот тим и тримф од 4-0 на „Емирати“.
По првото полувреме немаше голови, а во второто четири и тоа само за 13 минути. Гол серијата ја отвори Габриел со гол од корнер во 57. минута. Во 64. минута Мартинели зголеми на 2-0. Ѓокереш во 67. минута донесе предност од 3-0, а истиот играч во 70. минута зголеми на 4-0.
Жозе Мурињо со неговата Бенфика претрпе убедлив пораз од Њукасл, кој на крајот славеше со 3-0 благодарение на головите на Гордон и двата на Барнс.
Интер славеше лесна победа над Ројал Унин Сент Жилоа со 0-4. Головите за европскиот вицепрвак ги постигнаа Дамфрис, Мартинез, кои на полувремето донесоа 0-2, потоа Чалханоглу од пенал, и Еспозито.
Лесна победа оствари и Борусија Дортмунд на гостувањето во Копенхаген со 2-4. Нмеча во 20. минута донесе предност, а Данците со автогол израмнија. Бенсебаини од пенал, Нмеча и Силва во вториот дел ја донесоа победата за „милионерите“.
Манчестер Сити стигна до триумф на гостувањето кај Виљареал со 0-2 благодарение на головите на Халанд и на Бернардо Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

