Еурофарм Пелистер има позитива од 8-12 по првите 30. минути во „супер-дербито“ против Вардар во финалето на националниот куп на Македонија кој се игра во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Црната серија во вториот дел на првото полувреме и повеќе од петнаесетина минути без гол, беше клучна за водство на битолчани по првото полувреме.
Двата тима натпреварот го отворија со по еден гол, по што следуваше Мартин Томовски успеа да му одбрани пенал на Јосип Периќ, по што следуваше гол за Тимур Дибиров и водство од 2-1 за „црвено-црните“. И вардарци не успеаја да го реализираат својот прв пенал, откао Секељи успеа да го спречи ударот на Тимур Дибиров, па резултатот остана 2-2.
Следуваше гол на Јосип Периќ со кој тимот од Битола за првпат дојде до водство во финалето 3-2. Вардар во следниот напад израмни на 3-3 преку Кевин Нијокас.
Мартин Томовски беше одличен на голот, а Вардар со голот на Георгиевски во 14. минута за првпат стигна до два гола предност (6-4). Следуваше дуел на Тото и Радовиќ по кој судиската двојка Начевски/Николов одлучи да им додели две минути на двацјата играчи. Стипе Мандалиниќ во истиот напад не искористи нов удар од седум метри за својот тим, по што бранителот на трофејот со голот на Талески во 16. минута за првпат стигна и до плус три (7-4).
Мандалиниќ повторно не беше прецизен, а во следниот напад Додиќ со својот прв тим донесе и плус четири за својот тим (8-4). Црната серија на „пелистерци“ ја прекина Гоце Ојлески со својот прв погодок со кој намали на 8-5. Еурофарм Пелистер ја консолидира својата игра и со нови два брзи гола на осум минути до крајот на првиот дел по подолга пауза успеа повторно да дојде на минус еден (8-7). Избраниците на Давид Дејвис влегоа во црна серија, а со голот на Маџовски во 25. минута повторно беше егал (8-8). Стоилов не реализираше зицер, а со погодокот на Обрадовиќ, битолчани по старто на мечот, стигнаа до водство од 8-9.
Нова грешка на Вардар резултираше со погодок на Радовиќ, по кој избраниците на Жељко Бабиќ за првпат стигнаа до плус два во 27. минута (8-10). Еурофарм Пелистер играше како во транс, а „црвено-црните“ веќе десет минути не можеа да постигна гол. Со погодокот на Костески во 28. минута веќе беше и плус три (8-11), по кои Давид Дејвис мораше да го побара првиот тајм-аут.
До крајот на првиот дел со голот на Обрадовиќ Еурофарм Пелистер стигна и до плус четири 8-12.
Периќ, Обрадовиќ и Божиќ Павлетиќ со по два гола се најефикасни во таборот на Еурофарм Пелистер, додека кај Вардар Талески има три.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА