Кошаркарите на Партизан го победија Панатинаикос убедливо со 78-62 во 27-то коло од Евролигата.
Извонредна победа на црно-белите против жесток ривал пред своите навивачи кои враќаат позитивна енергија во црно-белите редови.
Исто како и минатата година, Партизан одигра речиси совршено против Панатинаикос и го „прегази“ грчкиот ривал.
Предноста во еден момент беше и +28 во корист на црно-белите, кои ја забележаа својата деветта победа во Евролигата оваа сезона.
Најдобар кај Партизан беше Пејн со 18 поени, а залудно кај Панатинаикос беше поранешниот македонски репрезентативец Ти-Џеј Шортс со 21 поен и четири скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

