Заврши селекторувањето на Фернандо Сантош во португалската репрезентација. Го понесе ризикот да „поигрува“ со Кристијано Роналдо кого го седна на клупата, па на крајот ќе мора да се сноси со последиците од поразот. А, тоа сигурно е отказ од клупата на португалската селекција.
Факт е дека Сантош веднаш по денешниот пораз од Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар се најде на удар на португалската јавност.
По она убедливо издание и победата од 6-1 против Швајцарија, сега Португалците наидоа на тврдите Мароканци кои повеќе од заслужено си обезбедија полуфинале во Катар. А, според поголемиот дел од јавноста во Португалија една од причините за тоа е и раздорот кој Сантош го предизвика со односот кон Роналдо. Го остави на клупата, загуби, а сега ќе мора да се носи со последиците!
„Утре патувам за Лисабон и веднаш ќе имаме разговори со претседателот на федерацијата, па ќе знам за мојата иднина. Во овој момент не може да кажам што ќе биде“ – истакна кратко на темата негов отказ Фернандо Сантош по денешниот дуел со Мароко.
Но, веќе е јасно дека ќе следи заминување на Сантош од португалската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА