Никола Карабатиќ го очекува долга пауза од ракометните терени откако беше утврдено дека повредата на дуелот со Иври е крајно сериозна. ПСЖ денеска потврди дека станува збор за кинење на лигаментите на коленото, по што големиот ас го очекува повеќемесечна пауза од ракометните терени.
„Принуден да излезе од игра поради повреда на саботниот меч со Иври, врз Никола Карабатиќ беа извршени детални лекарски прегледи кои покажаа кинење на вкрстените лигаменти во коленото. Тој наскоро ќе замине на операција, а должината на паузата сигурно ќе изнесува неколку месеци“, објави ПСЖ.
Јасно е дека одличниот бек ќе ги пропушти двата натпреври со Вардар во Лигата на Шампионите, фајналфор турнирот од ланската сезона од ЛШ закажан за крајот на декември, како и Светското Првенство што на почетокот од 2021 година ќе се одржи во Египет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

