Фудбалерите на Јувентус стигнаа до голема победа од 4-3 на домашен терен против Интер во „дерби д’Италија“ како дел од 3. коло од новата сезона во италијанската Серија А.
Водство за домаќините од 1-0 донесе Кели уште во 14. минута. На 1-1 израмни Хакан Чалханоглу во 30. минута. До крајот на првиот дел избраниците на Игор Тудор повторно поведоа (2-1) преку Јилдиз во 38. минута.
Хакан Чалханоглу со својот втор гол во 65. минута донесе ново израмнување 2-2. Маркус Турам во 76. минута направи целосен пресврт 2-3, додека на 3-3 израмни неговиот брат од Јувентус Кефрен Турам во 83. минута.
Херој за „старата дама“ е црногорскиот интернационалец Василије Аџиќ кој донесе победа од 4-3 со феноменален гол во 92. минута.
🎥 GOAL | Vasilije Adžić 90′ +1
What a game…Adžić hunts from outside..
🇮🇹 Juventus 4-3 Interpic.twitter.com/M0mCBZA2WO
— Goals Xtra (@GoalsXtra) September 13, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

