Црногорскиот репрезентативец Божо Анѓелиќ (25) е новото засилување во редовите на Металург. Анѓелиќ со Металург потпиша едногодишен договор.
Тој игра на позцијата среден бек, а во Автокоманда доаѓа од унгарскиот Чеглед. Претходно Анѓелиќ има настапувано и за екипите на Цепелин Цетиње, Црвена Звезда и за Малме.
„Две работи беа решавачки за да дојдам во Металург. Сакав да продолжам да тренирам кај врвен тренер каков што е Лино Червар и сакав да настапувам во две врвни лиги – во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата. Сигурен сум дека не сум погрешил и се надевам дека ќе ја оправдам довербата на клубот“ – изјави Божо Анѓелиќ за официјалниот сајт на Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА