Црногорките ја понижија Србија во мечот за одлука на СП

Србија ги загуби сите шанси за пласман во четвртфиналето од ракометниот мундијал за жени откако нашиот северен сосед беше понижен во клучниот дуел со Црна Гора што Србинките го загубија со неверојатни 33-17.

Победа значеше сигурен пласман во Топ 8, но Србинките паднаа под притисокот, одиграа катастрофално од почеток до крај и заслужено претрпеа срамен пораз. Во првото полувреме барем поради одбраната се одржуваше каква таква неизвесност (13-9), но Србинките целосно капитулираа во вторите 30 минути (20-8 само во второто полувреме), по што катастрофата беше неизбежна.

Црна Гора и покрај импресивната победа не е сигурна во четвртфиналето, за тоа да се случи треба да чека услуга од Германија, која во последното коло ќе треба да слави над Шпанија за Црногорките да останат пред „црвената фурија“.

Се вчитува...