Ракометарките на Црна Гора го освоија седмото место на Светското првенство 2023, откако во Хернинг славеа против Чешка со 28-24.
Најефикасна во селекцијата на Црна Гора беше Итана Грбиќ со седум гола, а Нина Булатовиќ заврши со пет погодоци.
Во мечот за петтото место во моментов играат Германија и Холандија, а ракометарките на Шведска и Данска од 16 часот ќе се сретнат во битката за бронзата на Мундијалот. Во големото финале од 19 часот ќе играат Франција и Норвешка.
Црногорките на квалификацискиот турнир за Летните олимписки игри 2024 ќе играат против Словенија, Парагвај и поразената селекција од мечот за петтото место на СП меѓу Холандија и Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

