Црногорска лекција за Бугарите

Црна Гора славеше со 0-1 на гостувањето против Бугарија, во првиот меч од денешната програма од квалификациите за ЕП 2024, триумфално стартувајќи го новиот квалификациски циклус. Црногорците одиграа трпеливо, чекаа да им се укаже шанса и на крајот стигнаа до цел плен против бугарските фудбалери, кои одиграа уште еден разочарувачки натпревар.

Клучен момент беше 70. минута, кога Црна Гора поведе преку една одлична тимска акција. Во неа учествуваа Јововиќ и Јоветиќ, за на крај Никола Крстовиќ да се најде осамен со лесна задача да ја смести во мрежата.

Бугарите се обидоа да сторат нешто повеќе, а најубавата шанса ја пропуштија во самиот финиш, кога Русев успеа да го совлада црногорскиот голман, но Савиќ реагираше пред самата гол-линија, не дозволувајќи израмнување.

Се вчитува...