Во Црна Гора се е можно: Цело коло 0-0!

Во рамките на 18. коло од црногорската Втора лига, се одиграа пет натпревари кои верувале или не, сите завршија со идентичен резултат 0-0.

Актуелниот лидер на табелата, Ибар од Рожаја ремизираше на свој терен со Ком, а со истиот резултат завршија и дуелите Челик – Отрант Олимпик како и Беране против Цетиње. Со идентични резултати завршија и пресметките помеѓу Братство – Беране Раднички и Језеро – Морнар.

Екипата на Игало беше слободна овој викенд, бидејќи Графичар отпадна во раните фази на натпреварувањето.

Ибар останува на чело на табелата со 35 бода, еден бод и натпревар помалку има второпласираниот Ком.

Се вчитува...