Црногорска тенисерка е најголемата приказна на третиот ден на Австралија опен

Црногорската тенисерка Данка Ковиниќ се пласираше во второто коло на Австралија Опен. Ковиниќ на стартот славеше против домашната тенисерка Лулу Сан со 2-0, по сетови 6-3, 7-5.

Тоа е нејзина прва победа на гранд-слем турнирите по две години и осум месеци. Откако не играше повеќе од една година, таа падна на 1.289. позиција на ВТА листата.

За 30-годишната девојка од Херцег Нови тоа беше прв настап на гранд-слем турнир по Отвореното првенство на САД во 2023 година и прв триумф по Ролан Гарос истата година кога стигна до третото коло на турнирот во Париз.

Во следното коло Црногорката ќе игра против Украинката Дарија Јастремска

Се вчитува...