Црногорски голгетер е наследникот на Ретеги во Аталанта

Аталанта конечно ја заврши потрагата по нов голгетер по продажбата на најдобриот стрелец Ретеги во Саудиска Арабија. Клубот од Бергамо беше поврзуван со бројни напаѓачи, последна опција беше Родриго Муњиз, но откако Фулам ја одби понудата од 35 милиони евра и овие преговори беа прекинати.

На крајот, изборот падна врз Никола Крстовиќ, црногорскиот интернационалец од редовите на Лече чиј трансфер беше договорен за помалку од 24 часа. Лече ја прифати понудата од 25 милиони евра плус пет милиони евра преку клаузули, по што Крстовиќ денеска допатува во Бергамо, на лекарски прегледи и потпис на петгодиштн договор.

Лече одлично заработи ако се знае дека пред две години го доведе Крстовиќ од словачкиот прволигаш Дунајска Стреда за 4,4 милиони евра, а сега го продаде за пет пати повисока отштета.

Тој имаше 11 гола и пет асистенции минатата сезона, бројки што се надева дека ќе ги подобри во новиот шампионат како член на Аталанта.

Се вчитува...