Евролигашко засилување за Будуќност (ФОТО)

Црногорскиот кошаркарски тим Будуќност се очекува да им биде сериозна конкуренција на Партизан и Црвена Звезда во битката за титула во АБА лигата поготово по последното засилување Јоан Макунду.

Станува збор за 23-годишен повремен француски репрезентативец кој во редовите на црногорскиот шампион доаѓа од евролигашот Монако, а во кариерата ги бранеше боите и на Шоле.

Макунду ќе дебитира за Будуќност на првиот меч од АБА-лигата, што црногорскиот првак ќе го игра в сабота, на домашен терен против Задар.

Се вчитува...