Серијата од три победи на Црна Гора на ЕП 2022 беше прекината попладнево откако оваа селекција загуби во Будимпешта од Холандија со 30-34. „Лалињата“ се соочија со огромни проблеми во последните денови, останувајќи без неколку клучни ракометари, но сепак собраа сили да одиграат беспрекорен меч, со својата брза игра во нападот да му создадат многу проблеми на противникот и на крајот заслужено дасе радуваат на победата.
Средбата почна фуриозно за Црногорците, кои носени на крилјата на последниот триумф над Хрватска одговорија на силното темпо и брзата игра на противникот. Симиќ бранеше одлично во почетните десетина минути, па Црна Гора одлично отвори, поведувајќи и со четири гола разлика. Влегувањето на новиот голман Тијс ван Леувен и неговите неколку интервенции ги разбуди „лалињата“, кои најпрвин стигнаа до израмнување, а потоа до крајот на полувремето го презедоа и водството, на одмор заминувајќи со предност од 18-16.
Црна Гора заигра нешто подобро на стартот од второто полувреме, но при негатива од еден гол избраниците на Рогановиќ повторно влегоа во серија грешки. Како и во првото полувреме, играта со ракометар помалку им создаваше многу проблеми, Холандија постигна неколку погодоци во празна мрежа и ја врати предноста на „плус три“ (27-24 во 48. минута). Во клучните моменти Црногорците беа далеку под нивото од претходните три средби, веќе ја немаа сигурноста во нападот, па Рогановиќ по цепелинот на Холанѓаните за водство од 29-25 беше принуден да побара тајмаут на девет минути до крајот.
Сепак, Холандија во своите редови го имаше извонредниот Стеинс, средниот бек на ПСЖ блескаше во завршницата од натпреварот, не дозволувајќи камбек на противникот, за конечен триумф на „лалињата“ од 34-30.
Најдобриот стрелец на шампионатот, Кеј Смитс беше најефикасен и при овој триумф на Холандија со девет гола, Стеинс постигна шест, додека голманот Ван Леувен имаше 13 успешни интервенции. Чепиќ и Бранко Вујовиќ со по шест гола беа најдобри поединци во таборот на Црна Гора при денешниот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА