Црногорците го нападнаа Марсениќ: Не сака да игра за селски тим, нека проба следен пат да игра за Хрватска

Поранешниот ракометар на Вардар и капитен на српската репрезентација Мијајло Марсениќ, во дуелот против Австрија стана рекордер по бројот на одиграни натпревари на Европското првенство во дресот на нашиот северен сосед.

Искусниот пивотмен се најде на удар на медиумите Црна Гора, земјата каде што е роден и каде што ги направил своите први ракометни чекори.

Црногорскиот спортски портал „CGsport.me“ ја објави статијата откако „орлите“ го завршија учеството на континенталното првенство со пораз од Австрија.

„Роден во Беране. Израснат во Беране. Најтешкиот пораз – против Црна Гора. Тој не сака да игра за „селски тим додека е капитен“. Ја победија Германија, загубија од Австрија и испаднаа. Ќе биде подобро во втората рунда од ждрепката за националниот тим… Нека се обиде да игра за Хрватска следниот пат?“, пишува во објавата, која предизвика бројни реакции.

Се вчитува...