Црногорците изненадија: Легендарниот Србин доаѓа за нов селектор

Црногорците се решени со врвни тренерски имиња да го креваат екипниот спорт, за нов селектор на ракометната репрезентација неодамна беше именуван Французинот Дидие Динар, а денеска експлодираше „бомба“ и при изборот на нов селектор на ватерполистите.

Легендарниот српски стратег Дејан Савиќ од денеска е нов кормилар на Црна Гора откако потпиша договор за соработка на најмалку две години. Станува збор за извонреден стручњак кој освои се што можеше да се освои со Србија, две олимписки злата, три титули европски првак и едно злато на светските шампионати, тој си замина од клупата во 2022, по поразот во осминафиналето од ЕП во Сплит, завршувајќи ја авантурата во која освои фантастични 17 медали на големите натпреварувања.

„Црногорскиот национален тим ќе биде предводен од еден од најуспешните тренери во историјата на ватерполото, чии резултати оставија неизбришлива трага во историјата на овој спорт. Савиќ, како во играчката, така и во тренерската кариера направи импресивни резултати со кои малкумина можат да се пофалат во професионалниот спорт“, се вели во соопштението на Ватерполо Федерацијата на Црна Гора.

Се вчитува...