Германската фудбалска репрезентација може да доживее неочекувано сценарио, бидејќи им се заканува откажување на генералната проба пред ЕВРО, затоа што во селекцијата на Лeтонија се појави позитивен случај на коронавирусот.
Летонија вечерва треба да гостува во Дизелдорф, но на денес пред натпреварот се појавија непријатни информации од нивниот табор. Одлуката е да се тестираат сите првотимци во Летонија, а во случај сите да бидат негативни, натпреварот ќе се игра. Во спротивно, со право може да се очекува одложување на последниот натпревар на „Панцер“ пред Европското првенство.
Првиот натпревар на континенталниот шампионат, Германија ќе го игра на 15 јуни во Минхен против актуелниот светски шампион Франција, па има доволно време да се најде алтернатива во случај на откажување на мечот против Летонија. Инаку, овој дуел е закажан за вечерва во 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА