Во повеќе од драматичен натпревар Барселона со пресврт дојде до победа од 1-2 на гостувањето против Осасуна во 14. коло од Ла Лига, со која се зацврсти на врвот од табелата.
Бурно почна дуелот со голот на Гарсија за водство на Осасуна од 1-0, за да веќе во првите 30 минути Барселона остане и без Левандовски кој заработи два жолти картони и исклучување во 11. и во 31. минута.
Цел еден час до крајот Барселона играше со фудбалер помалку, но тоа не им сметаше да дојдат до пресврт победа.
Најпрво Педри во 48. минута израмни, а потоа и Рафиња во 85. минута со прекрасен погодок донесе 1-2 и нови три бода за каталонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

