Освојувачот на Националниот куп, Македонија Ѓорче Петров игра без голови 0-0 на полувреме против бугарска ЦСКА Софија во 2. коло од најмладото европско фудбалско натпреварување, Конференциската лига на УЕФА.
Иако беа подобар противник во текот на првите 45 минути, фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров не успеаја да го начнат голот на противникот, а во вториот дел ќе биде ослабени поради црвениот картон на најдобриот фудбалер, Лемос.
Домаќините ја имаа контролата на почетокот на мечот, а најистакнат беше бразилскиот интернационалец Лемос. Првата поозбилна шанса Ѓорче ја имаше во деветата минута кога по една полуконтра Кристијан Стојковски биеше непрецизно.
Лемос и понатаму беше најистакнат во таборот на „лавовите“ правејќи и цело време проблем на одбраната на гостите.
Дури 26 минути требаше да поминат за нова шанса на една од двете страни. Повторно освојувачот на купот на Македонија го загрози голот на гостите, откако по еден прекин по одличниот центаршут на Зука, Личина не ја зафати баш најдобро топката.
Голема глупост направи најдобриот фудбалер на „лавовите“, Лемос кој по една неспретна ситуација доби втор жолт картон, по кој мораше да го напушти теренот во 47. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА