Измина нешто повеќе од половина од сезоната во регионалната АБА лига и од сите 14 клубови учесници во Јадранското натпреварување само Црвена звезда останува без пораз. И по 17 одиграни натпревари актуелниот шампион во регионалното друштво продолжува да доминира на терените ширум Балканот. Кошаркарите од клубот од престолнината на Србија се мачеа со индиспонираниот Мега лекс, кој не се предаде сè до крајот на натпреварот. Пеналите ги одведоа екипите во продолженија, а по пет дополнителни минути гостите го забележаа својот 17 триумф во низа со конечни 69-81 (21-20, 11-23, 17-14, 18-10, 2-14).
Во првиот период, домаќините најавија интересен натпревар откако поведоа со 5-2, а потоа и со 18-13 со поените на Каба од линијата за слободни фрлања. Во вториот период, кој започна со еден поен предност за Мега лекс (21-20) следеше драстичен пад на концентрацијата на кошаркарите од Сремска Митровица. Со само 11 уфрлени поени, наспроти 23 на гостинот разликата во корист на Звезда брзо стана двоцифрена (29-39). Екипите заминаа на полувреме при резултат 32-43.
Во наредните 20 минути домаќините успеаја да направат целосен пресврт. Првин се доближија на ’минус три’ (49-52), но кошаркарите од престолнината на Србија ја зацврстија одбраната и повторно го золемија водството. И покрај големиот број на загубени топки и промашени шутеви од далечина, кошаркарите на Мега лекс успеаја да изнудат слободни фрлања со кои стигнаа до изедначување (63-63) на неколку секунди до крајот на натпреварот. Милојевиќ направи три измени со надеж дека ќе го одржи егалот и успеа во таа замисла. Двете страни застануваа на линијата за слободни фрлања сè до 67-67, резултат кој ги однесе во продолженија. Само две минути игра му беа доволни на актуелниот првак во регионот да направи предност со која си ја осигура победата. Несигурноста во додавањата на кошаркарите од домашниот состав резултираше со почетнички грешки кои ги искористија гостите за победа, 17 во низа.
Јовиќ оствари дабл-дабл од 10 поени и 11 асистенции додека Кузмиќ придодаде 16 поени. Двоцифрени беа уште и Бјелица со 12 поени, Симоновиќ со 11 и Томпсон со 10 поени. За Мега лекс тоа беа Јарамаз со 15 поени, едне помалку постигна Мушиди, по 10 поени уфрлија Алфа Каба и Раде Загорац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА