Црвена звезда го совлада тимот на Морнар од Бар со конечен резултат од 88-69, во решавачката пресметка за пласман во финалето на АБА – лигата. „Црвено-белите“ без нашиот Перо Антиќ заслужено ќе имаат шанса да ја бранат титулата во регионалното јадранско првенство, каде во финалето ќе се сретнат со Будуќност.
Звезда го контролираше темпото во текот на целата средба, откако по две четвртини кошаркарите на Душан Алимпијевиќ постигнаа 52 поени и остварија 15 поени предност. Морнар за момент се обиде да ја врати неизвесноста на средбата освојувајќи го третиот период (16-19), меѓутоа актуелниот јадрански шампион не дозволи изненадување пред своја публика во мечот кој важеше како еден од најважните за нив во оваа сезона.
Добриќ одигра меч речиси без промашување со 19 поени, при тоа реализирајќи 5/6 од линијата за три поени и 2/2 од поле. Рочести исто така расположен, постигна 18 поени при шут за три 4/10, Омиќ додаде 11, Лесор застсана на 10 поени. Немања Врањеш се истакна како најефикасен кај црногорската екипа со 21 поени, Нидман застана на 11 поени.
Првиот натпревар од финалната серија помеѓу Црвена звезда и Будуќност ќе се одигра на 9. април, понеделник, со арена „Александар Николиќ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА